Сити со посебно видео го официјализираше трансферот, Фернандез ја испрати првата порака

Дерби

02/09/2026

11:53

198

Големина на фонт

а а а

Екипата на Манчестер Сити на успешен начин го заокружи летниот преоден рок и тоа со трансфер „бомбата“ со која Енцо Фернандез пристигна на „Итихад“.

„Граѓаните“ мораа да го соборат клупскиот рекорд, платија 125 милиони фунти и со тоа го обезбедија Аргентинецот до летото 2031 година.

Сити со посебно видео ја потврди зделката, видео во кое фокусот беше ставен на сонародниците на Енцо кои беа успешни во овој дрес со надеж, верба дека така ќе биде и со него.

- Манчестер Сити е најуспешниот клуб во Англија во последно време. Секој играч сака да биде дел од ваков клуб бидејќи сите знаат колку добро се води Сити. Не би можел да бидам посреќен што сум тука и сум подготвен за предизвикот да му помогнам на Сити да продолжи да освојува трофеи. Ова е клуб изграден за успех.

- Ако го погледнете целиот тим, Сити има квалитет во секој дел. Сакам да учам од моите нови соиграчи и да станам подобар играч. Се гордеам со тоа што постојано ја подобрувам мојата игра. Секој што работел со мене знае колку напорно тренирам секој ден и колку многу вложувам во натпреварите. Давам апсолутно сè и можам да им ветам на Манчестер Сити дека ќе продолжам и сега кога сум тука.

- Сакам да им се заблагодарам на Уго, Енцо, Халдун и на сите во Сити кои го овозможија овој договор. Сакам да ја искористам довербата што ми е покажана и да ја вратам што е можно поскоро, -порача Енцо во првата порака како нов играч на поранешниот англиски шампион.