Во ресторан во Лион, Франција, калифорниска кралска змија долга 1,5 метар предизвикала паника меѓу гостите. Змијата била неотровна и избега од терариумот на приватен сопственик, а пожарникари и експерти успеале безбедно да ја фатат.
Гостите на терасата на еден ресторан во францускиот град Лион доживеале непријатно изненадување откако пред нив се појавила калифорниска кралска змија долга повеќе од 1,5 метри.
Егзотичниот влекач бил забележан во вторникот во ресторанот во населбата Кроа-Рус, каде што предизвикал паника меѓу гостите. Подоцна било утврдено дека змијата побегнала од терариумот на приватен сопственик.
Иако изгледала импресивно и можела да предизвика страв, станувало збор за неотровна змија.
„Ова животно спаѓа меѓу поновите домашни миленици и е вистинска класика во тераристиката“, објаснил Фабиен Дибоа, координатор на Херпетолошката група на регионот Рона-Алпи и експерт за змии.
По повикот од ресторанот, експерти дале совети како да се постапи.
Дибоа објаснил дека калифорниската кралска змија не е отровна, но може да касне доколку некој се обиде да ја фати со голи раце.
Видот потекнува од САД и Мексико, а во природата се храни со гуштери и други змии, вклучително и ѕвечарки.
Нејзиното чување во Франција во моментов не е дозволено за нови сопственици, освен за оние кои веќе ја поседувале змијата пред воведувањето на забраната.
Откако пожарникарите од Кроа-Рус го обезбедиле местото, на интервенција пристигнал и специјалист за заловување животни од пожарникарската станица во Пусинјан. Тој на крајот успеал безбедно да го фати влекачот.
За среќа, во инцидентот нема повредени.








