Сончев и жежок ден, но попладне нè очекува невреме со силен ветер и град

Макфакс

29/08/2026

07:50

513

Големина на фонт

а а а

Денешното време ќе биде сончево и топло, но во попладневните часови се очекува нестабилност со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град во некои региони, особено во Скопје.

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме, со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 32 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме, со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во новата работна седмица ќе биде сончево и топло, со услови за слаба локална нестабилност во попладневните часови.