До 13 часот седум активни пожари низ државата

Макфакс

29/08/2026

16:20

90

Големина на фонт

а а а

Центарот за управување со кризи известува за седум активни пожари на отворен простор низ различни општини во државата до 13 часот, додека некои други пожари се под контрола или веќе изгаснати.

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот денеска регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, еден е под контрола, а два се изгаснати.

Активни пожари во моментов има седум: во општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (Општина Студеничани) и кракот кон с. Палиград, во правец на Преслап (Општина Зелениково), мешана шума; Општина Сарај – с. Копаница – с. Радуша, нискостеблеста шума и ниска вегетација; Општина Јегуновце – с. Копанце, мешана шума; Општина Чашка – над с. Нежилово, м.в. Сватови, ниска вегетација и единечни дрва; Општина Градско – с. Виничани, кај турските гробишта, ниска вегетација и дрвја; Општина Куманово – Агино Село, ниска вегетација; Општина Прилеп – с. Витолиште, м.в. Рамна Нива, ниска вегетација, наведуваат од ЦУК.

Пожарот во општините Гостивар и Македонски Брод – кај с. Трново (Општина Гостивар), со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод), нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат – е под контрола, додека пожарите во Општина Долнени – с. Црнилиште, ниска вегетација; Општина Босилово – с. Бориево, депонија, се изгаснати.