Мицкоски со порака за празникот Успение на Пресвета Богородица

Макфакс

28/08/2026

12:40

177

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски упати порака по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, честитајќи го големиот православен празник и посакувајќи здравје и успех на граѓаните, со посебна честитка до рударите. Тој ја истакна важноста на обединувањето и подобрата иднина за Македонија.

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати порака за празникот Успение на Пресвета Богородица.

„Ќе ми дозволите најпрвин да го честитам големиот христијански православен празник на сите верници коишто денеска го слават, на православните христијани, а на сите граѓани да им посакам здравје, среќа и успех за нив и нивните семејства. Исто така би сакал на рударите, бидејќи ова е нивен ден, да им посакам среќно кога влегуваат во рударските окна и да посакам нормално безбедна работа, работа којашто ќе значи подобра иднина за граѓаните и за Македонија.

Традиционално денеска сме овде во Берово заедно со моите соработници, со граѓаните во Берово, а гледам и дека има во суштина граѓани од цела Македонија, така што секогаш е задоволство да се биде на овој ден токму тука и да се одбележи овој ден со една, би рекол, порака којашто е обединувачка, којашто значи обединување — всушност тоа е и мојата желба како претседател на Владата“, рече Мицкоски.