Полицијата уапси возач од Шведска кој возел со 175 километри на час на автопатот кај Демир Капија, што е двојно повеќе од дозволената брзина, по што против него е поднесена кривична пријава.
Полицијата уапси возач од Шведска, на автопатот кај Демир Капија возел со двојно поголема брзина од дозволената.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска.

При извршена проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.
Тој на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, возел со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
М.С. е уапсен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.








