Претседателот на Собранието со порака за мир и соживот по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувајќи честитки до сите православни верници и граѓани.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, испрати честитка за празникот Успение на Пресвета Богородица.
„По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувам искрени честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник.
Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество.
Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков.
На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски“, пишува во честитката.








