„Бог сакаше да немам деца за сите деца да бидат мои“: Доли Партон смислила имиња, а потоа болната вистина ѝ „удрила шлаканица“

Кармин

27/08/2026

16:12

100

Големина на фонт

а а а

Додека светот се збогува со Доли Партон и се присетува на кариерата со која одбележа речиси седум децении од музиката, посебно внимание повторно привлекува и нејзината голема љубовна приказна.

Само една и пол година пред смртта, славната пејачка се соочила со една од најтешките загуби – почина нејзиниот сопруг Карл Дин, човекот со кој помина повеќе од шест децении.


Карл почина на 3 март минатата година во Нешвил, на 82-годишна возраст, а токму Доли тогаш морала на јавноста да ѝ ја соопшти болната вест.

„Карл Дин, сопругот на Доли Партон, почина на 3 март во Нешвил, на 82-годишна возраст. Ќе биде погребан на приватна церемонија во присуство на најблиското семејство. Зад себе ги остави своите браќа и сестри Сандра и Дони“, беше наведено тогаш во соопштението.


Пејачката потоа и лично се збогувала со човекот со кој го делела најголемиот дел од животот.

„Карл и јас поминавме многу прекрасни години заедно. Зборовите не можат да ја опишат љубовта што ја споделувавме повеќе од 60 години. Ви благодарам за молитвите и сочувството. Семејството бара приватност во овој тежок момент“, порача Доли.

„Мажите се моја слабост, но Карл знае дека ќе се вратам дома“

Нивниот брак со децении ја интригираше јавноста и поради тоа што Карл многу ретко се појавуваше во јавноста со својата славна сопруга. Доли, од друга страна, никогаш не ја криеше својата разиграна природа ниту фактот дека сака да флертува.

За нивниот однос зборувала отворено и со својот препознатлив хумор.


„Ниски, дебели, ќелави или слаби – бев вљубена во некои многу необични мажи, но Карл знае дека секогаш ќе се вратам дома и дека нема да имам секс со тие луѓе – само флертувам и се забавувам“, раскажала таа своевремено.

Во автобиографијата „Dolly on Dolly, Interviews and Encounters with Dolly Parton“ од 2017 година дополнително објаснила зошто љубомората не била проблем во нивниот брак.

„Тој не е љубоморен, а јас не сум љубоморна на него. Тој знае дека флертувам. И тој флертува. Да, тоа е отворена врска, но не сексуална, и би го убила ако мислев дека го прави тоа“, навела Доли.


Сепак, зад шегата се криела голема заемна доверба која, според нејзините зборови, била еден од темелите на нивната врска.

„И тој би ме застрелал. На крајот од денот, ние лудо се сакаме“, додала пејачката.

Смртта на сопругот тешко ја погодила

Загубата на Карл Доли многу тешко ја поднела. Според наводите на луѓе од нејзиното опкружување кои се појавуваа во медиумите, по неговата смрт минувала низ исклучително тежок период, а се тврдеше и дека тагата оставила последици врз нејзината здравствена состојба.


Нивната приказна била нераскинливо поврзана уште од младоста. Иако заедно поминале повеќе од 60 години, никогаш не станаа родители, за што Доли низ годините зборуваше многу искрено.

„Дури и смисливме имиња за децата“

Во разговор за „Bilbord“ открила дека таа и Карл во првите години од врската биле уверени дека еден ден ќе имаат семејство.

„Кога јас и мојот сопруг се забавувавме, а потоа кога се венчавме, едноставно претпоставувавме дека ќе имаме деца. Не правевме ништо за да го спречиме тоа. Всушност, мислевме дека можеби ќе имаме деца, дури и смисливме имиња, но се случи поинаку“, рекла Доли.


Со текот на времето, како што зборувала, прифатила дека нејзиниот живот можеби едноставно треба да изгледа поинаку.

„Бог има план за сè. Мислам дека веројатно неговиот план бил јас да немам деца за сите деца да бидат мои“, порача таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk