[ВИДЕО] Савињо направи 100-милионски трансфер во Тотенхем и си го промени името

Дерби

26/08/2026

07:57

133

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити и Тотенхем вчера ја официјализираа зделката вредна 100 милиони евра, според која Савињо направи преселба од Манчестер во Северен Лондон.

Бразилскиот крилен фудбалер не се изнаигра изминативе две сезони во Сити и постигна само два гола во Премиер лигата како член на „граѓаните“, но и покрај тоа одржа извонредно висока пазарна вредност и клубот заработи навистина многу од неговиот трансфер.

Тотенхем подолго време преговараше за крилото и конечно го доби за фрапантни 100 милиони евра, а веднаш откако го реализираше трансферот, Бразилецот направи и една впечатлива промена.

Савињо реши да си го промени името и да се врати на оригиналното име кое го красеше и му донесе многу среќа во Џирона, па така отсега на неговиот дрес ќе стопи името Савио, а не Савињо.

Прашање на оваа тема доби и менаџерот Роберто Де Ѕерби, кој со својот одговор успеа да ги изнасмее новинарите.

– Загубив 3:0 на првиот премиерлигашки натпревар. Зарем мислите дека ќе се грижам дали е Савињо, или Савио. Тоа не менува ништо за мене, – изјави Де Ѕерби.