Јан Рајт отворено распали по Арсенал и Микел Артета за начинот на кој го третираат и ја негуваат цела ситуација со Габриел Мартинели, фудбалер кој со години му даде многу на клубот, а кој сега се најде во ситуација да биде непожелен во првиот тим.
Бразилецот беше изоставен на двата официјални натпревари кои ги одигра Арсенал и доби јасен сигнал од Артета дека не е дел од неговиот проект за новата сезона, а во ситуација кога ги брои последните 12 месеци од договорот, оваа е последна шанса за Арсенал да инкасира нешто од негов трансфер.
Мартинели имаше преговори со Галатасарај и истите пропаднаа пред стартот на новата сезона во Премиер лигата, но како што јавува сега угледниот „Би-Би-Си“, крилниот фудбалер е многу блиску до преселба во Саудиска Арабија.
Иако има само 25 години, Мартинели се најде на црната листа на Артета и беше прецртан за новиот проект на англискиот шампион, кој според последните информации, веќе е во напредни преговори со Ал Хилал за продажба која ќе достигне 50 милиони фунти.
Првичниот план на Арсенал беше да инаксира измеѓу 60 и 70 милиони фунти за Бразилецот, но во оваа фаза од летниот преоден рок кога веќе се тенчи можноста за голем транфсер, „топчиите“ направиле мал попуст и сега се пред договор со Ал Хилал за нов излезен трансфер.
Претходно ова лето, Арсенал го продаде и другото лево крило, Леандро Тросар, а новата сезона ја почна со Христос Цолис како единствен добар избор на оваа позиција.








