Дибала и Мален шоу на „Олимпико“: Минијатурата за која зборуваат сите во Рим

Дерби

25/08/2026

10:00

94

Големина на фонт

а а а

Рома со доминантно издание и спектакуларна претстава ја отвори новата сезона во Серија А, па уште во раната фаза се добива впечаток дека Џан Пјеро Гасперини оваа сезона ќе ужива во изданијата на Пауло Дибала и Дониел Мален.

Аргентинецот беше повреден во добар дел од втората полусезона кога Мален блесна во италијанската елита, но стартот на новата кампања донесе натпревар на кој првиот запиша три асистенции, а вториот постигна три гола.

Мален трипати стрелаше по точно додавање од својот несебичен соиграч, но посбено воодушевија двајцата при голот со кој беше отворен резултатот.

Дибала го заокружи својот слалом со додавање до Мален, а овој импресивно се снајде во шеснаесетникот и со минијатура го отвори резултатот.

Ова беше најава за потопот кој следеше за Фиорентина, кој на крајот си замина од „Олимпико“ со тежок пораз од 4:0.

Дибала како голем џентлмен му ја однесе топката на Мален по последниот судиски свиреж како сувенир за постигнатиот хет-трик, но комплименти за Аргентинецот не штедеше и напаѓачот.

– Благословен сум што играм со ваков соиграч во тимот. Тој го разбира секое мое движење и ме става во ситуација да постигнувам голови за тимот, – изјави Мален за Дибала.