Фудбалерите надиграни од Турција на Медитеранските игри

Дерби

25/08/2026

06:59

223

Големина на фонт

а а а

Фудбалската репрезентација на Македонија го доживеа првиот пораз на Медитеранските игри во Таранто и тоа од селекцијата на Турција со резултат од 3-0.

За разлика од првото коло во кое ја сочувавме недопрена нашата мрежа против Тунис (0-0), овојпат трипати бевме матирани и тоа од еден играч-Оздер Ожџан.

Оздер погоди двапати во првото полувреме (26 и 41 минута), а хет-трикот го комплетираше во 59 минута.

Во третото коло ќе се соочиме со Мароко, репрезентација која загуби од Тунижаните со 1-0.

МАКЕДОНИЈА: Давид Илоски, Златко Радески, Андреј Велков, Адис Мурати, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ (Лука Бојаџиев 73), Салим Арифи (Андреј Стојановски 63), Никола Манојлов, Марко Николовски (Давид Матески 63), Виктор Делов (Харун Незировски 79), Дарјан Тасев (Давид Голубов 73)