Општина Битола: Ќе се реконструира „Ќумурното“, се градат училишните спортски терени, а паралено градот културно живее

Макфакс

24/08/2026

15:20

111

Големина на фонт

а а а

Во Битола се реализираат големи спортски и културни проекти, вклучително реконструкција на „Ќумурното“ игралиште, изградба на училишни спортски терени и богата културна програма преку фестивалот „Бит Фест“.

Летото влегува во својата завршница исто како и битолското културно лето „Бит Фест“, но и реализацијата на големите спортски училишни инфраструктурни проекти кои изминативе месеци со голема динамика се градеа. За „Бит Фест“ на утрешната прес конференција ќе се направи рекапитулација на содржините за сечиј вкус кои културно го раздвижија градот, а фестивалот ќе биде заокружен со јубилејниот концерт на битолската група „Фолтин“, известува Општина Битола.

„Општината преку програмата за култура во текот на годината вложува 45.100.000 денари во што влегуваат традиционалните фестивали, програми како и функционирањето на Културниот и информативен центар.

Наспроти овие околу 45 милиони денари за култура, за спортската инфраструктура во кои влегуваат спортските игралишта во училиштата и во една населба, како и четирите училишни спортски сали вкупната сума во буџетот на Општина Битола е седум пати повисока и изнесува 310.412.172 денари“, велат од Општината.

„Пред стартот на новата школска година во завршна фаза влегува изградбата на спортските училишни терени кои со своите модерни и современи услови ќе бидат вистинско место за реализација на спортските активности во рамките на образовниот процес.

Основните училишта во Општина Битола добиваат 24 спортски терени, места каде ќе се развива и гради спортскиот дух.

Во делот на спортската инфраструктура следуваат и нови проекти. Во соработка со Фудбалската федерација на Македонија ќе следува целосна реконструкција на „Ќумурното игралиште“, а ќе се гради и нов спортски терен помеѓу него и спортската сала „Боро Чурлевски“.

Битола може да се гордее со реализација на големи спортски инфраструктурни проекти и негување на културата и традицијата на градот“, се додава во соопштението на Општина Битола.