Шасивари – Бримора: Продолжува поддршката за реформите во правосудството и владеењето на правото

Макфакс

24/08/2026

15:30

123

Големина на фонт

а а а

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со полскиот амбасадор Мариуш М. Бримора каде се разговараше за унапредување на реформите во правосудството и сопствањето на владеењето на правото, со акцент на борба против корупцијата и европска интеграција.

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Мариуш М. Бримора, на која беа разменети мислења за актуелните состојби и приоритетите во областа на правосудството, како и за можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји.

Во фокусот на средбата беа законите од Реформската агенда, со посебен акцент на унапредувањето на владеењето на правото, зајакнувањето на независноста и ефикасноста на правосудството, како и унапредувањето на институционалните механизми за спречување и борба против корупцијата.

Министерот Шасивари го информираше амбасадорот за тековните активности на Министерството за правда во насока на реализација на реформските приоритети, вклучително и подготовката и унапредувањето на законските решенија кои се од значење за исполнувањето на обврските во процесот на европска интеграција.

Партнерството со земјите членки на Европската Унија претставува значаен придонес при спроведувањето на реформите и европските стандарди, со крајна цел изградба на современ и ефикасен правосуден систем во интерес на граѓаните.