Реал Мадрид ги освои трите бода на незгодното гостување кај Еспањол, а и по овој натпревар, во Шпанија повторно се зборува за Винисиус и се она што што се случуваше околу неговиот настап во Барселона.
Домашните фанови бараа втор жолт картон поради симулирање, од Реал Мадрид бараа црвен картон за еден груб старт над него, а на крајот Бразилецот беше поддржан и од тренерот Жозе Мурињо.
На прес-конференцијата по средбата, португалскиот стручњак истакнал дека Винисиус е жртва на класичен булинг.
– Знам дека ќе се обидете да ги користите моите зборови од пред неколку месеци, но сега Винисиус е мој фудбалер.
– Тој не е светец, но она што му го прават е премногу. Се повторува од првата минута и кај секој протвник. Сега јас ќе го фаулирам, после ти фаулирај го. Еден ќе добие жолт картон, друг ќе биде заменет, но секогаш има кој да стартува над него.
– Му кажав да биде внимателен како се однесува ако постигне гол. Се обидуваме да се избориме за анти-булинг општество, но случајот со Вини е класичен булинг и од противниците и од навивачите, – рекол Мурињо.







