Сити ја наполни касата, па сега ќе му создаде голем проблем на италијански клуб

Дерби

20/08/2026

13:09

458

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити веќе продаде неколку играчи во овој преоден рок и ја наполни клупската каса, а допрва се очекува да заработи многу милиони од разделбата со играчи како Савињо, Мармуш и други.

Заминувањето на Родри отвори и простор во средниот ред, па англискиот клуб преговара со повеќе фудбалери, при што медиумите најавуваат дека Енцо Мареска планира да ангажира најмалку двајца квалитетни играчи во овој дел од тимот.

Покрај досега споменатите имиња, сега дел од угледните новинари пренесуваат дека Сити се заинтересирал и за Ману Коне, фудбалерот на Рома кој испорача одлични натпревари за „волчицата“, а со тоа си обезбеди и место во националниот тим.

Италијанскиот клуб има поставено цена од 60 милиони евра за Коне, сума која не е проблем за ниту еден премиерлигаш, а најмалку Сити, но на тренерот Џан Пјеро Гасперини сигурно нема да му се допадне идејата да остане без еден од најважните играчи.

Коне претходно беше мета и на други клубови, вклучувајќи ги Интер и Манчестер Јунајтед, па останува да се види дали ќе одолее и на понудата од „Итихад“.