Микеле Ди Грегорио го загуби својот првотимски статус во Јувентус и до крајот на овој преоден рок речиси сигурно ќе има нов клуб.
По две сезони во кои не блескаше и не ги убеди тренерот Спалети и менаџментот дека треба да ја задржи позицијата, Јувентус му испрати јасна порака со трансферот на Гилјелмо Викарио, додека Ди Грегорио сега е во потрага по нова средина.
Најблиску до неговиот потпис е Олимпик Марсеј, клуб со кој Јувентус има одлична соработка, а може да го добие голманот на заем со опција за откупување на неговиот договор.
Додека двете страни преговараат за оваа зделка, „Тутоспорт“ тврди дека Спалети и директорот Рики Масара почнале да размислуваат во спротивна насока да повлечат еден подзаборавен фудбалер со големо искуство во Серија А.
Се работи за Емерсон Палмиери, кој на 32-годишна возраст се уште може да биде одлична солуција за поддршка за Андреа Камбијасо, имајќи предвид дека Јувентус очекува разделба и со Хуан Кабал.
Спалети и Емерсон соработуваа во Рома, а потоа поранешниот италијански репрезентативец играше и за Челси, Лион и Вест Хем.







