Симеоне изненади со одговорот за навредите на фановите на Атлетико на сметка на Алварез

Дерби

20/08/2026

10:37

242

Големина на фонт

а а а

Атлетико Мадрид вчера си ја заврши работата против Малага и влезе победнички во новата сезона, но проблем кој се провлекува за клубот е статусот на Хулијан Алварез.

Аргентинецот вчера не беше во комбинација поради несоодветната физичка подготвеност, но навивачите не пропуштиле шанса да го навредуваат поради желбата да го напушти клубот.

Алварез сака да реализира трансфер во Барселона, Атлетико не сака ни да слушне за такво сценарио, а очекувано фановите се незадоволни од однесувањето на напаѓачот.

Тренерот Диего Симеоне по натпреварот одговарал на разни прашања на новинарите, а еден од нив побарал коментар за навредите на сметка на Алварез од страна на фановите.

– Имам големо почитување за нашите навивачи, – кратко одговорил „Чоло“.