Џејми Карагер застана во одбрана на Маркус Рашфорд во подкастот на Гери Невил, а фудбалерот на Манчестер Јунајтед јавно му се заблагодари на социјалните мрежи.
Во новото издание на подкастот, Невил побарал коментари од своите колеги во студиото за враќањето на Рашфорд во Манчестер Јунајтед, но Карагер одбил да го коментира англискиот репрезентативец и му замерил на Невил дека претерува со споменувањето на неговото име.
– Може ли да направиме подкаст без да го споменеме Рашфорд. Престани! О, боже.
– Како да имаме специјален дел за Трент (Александер-Арнолд) и Рашфорд во подкастот… делот со Трент и делот со Рашфорд.
Невил му посочил дека прашува затоа што се вратил во Јунајтед, но тоа не го променило ставот на Карагер. Рашфорд преку „Икс“ му се заблагодари на поранешниот дефанзивец на Ливерпул.
Thanks, Jamie. It would be great to be able to get my head down and play football without my name being mentioned every day 😭 https://t.co/GTqrKhbZEE
— MR (@MarcusRashford) August 19, 2026







