Македонското Собрание ќе ја одбележи 35-годишнината од независноста на Украина

Макфакс

20/08/2026

10:10

167

Големина на фонт

а а а

Во Македонското Собрание ќе се одржи сесија за поддршка на Кримската платформа и одбележување на 35-годишнината од независноста на Украина, со учество на парламентарци и амбасадори, изложби и промоција на книга.

Во понеделник, 24 август, во Собранието, со почеток од 10:45 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе се одржи Сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина.

Настанот ќе го отвори потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, а предвидено е обраќање на членови на Интерпартиската парламентарна група, како и на амбасадорката на Украина, Лариса Дир. На настанот свое обраќање ќе имаат и амбасадори од земјите членки на Европската Унија.

Во рамки на одбележувањето на независноста на Украина ќе бидат отворени изложбите – „Враќање на сеќавањето на Херсон“ и „Светското наследство на Украина под заштита на УНЕСКО“.

Исто така, ќе биде промовирана и книгата „Црниот гавран: Останатиот“ од авторот Васил Шкраљ, во Кристалната сала на Собранието.

Од Собранието наведуваат дека сесијата е во насока на зајакнување на парламентарната соработка со Украина и потврдување на заложбите за континуирана поддршка.