Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира за 14-тиот авионски третман против комарци и најавува дополнителна терестична дезинсекција која ќе се спроведува од 23 до 26 август со цел заштита на јавното здравје.
Градоначалникот најавува нови мерки против комарци
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски информира дека утре ќе има нов авионски третман, а од 23 до 26 август е предвидена и терестична дезинсекција.
„Утрово, на подрачјето на градот Скопје, беше спроведен уште еден авионски третман против комарци, вкупно 14-та дезинсекција во текот на оваа сезона.
Со засилено темпо продолжуваме и во наредните денови.
Активностите продолжуваат и утре во раните утрински часови со нов авионски третман, а издадов налози во периодот од 23 до 26 август да се спроведе и терестична дезинсекција на подрачјето на градот“, најави Ѓорѓиевски.
Сите активности, како што вели се реализираат плански и системски, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, а одобрен од надлежните здравствени власти и европската регулатива.
„Во изминатиот период континуирано се спроведуваа третмани и против ларвите и комарците.
До крајот на сезоната ќе бидат реализирани повеќе од 20 третмани против комарци.
Овие бројки најдобро покажуваат дека дезинсекцијата е континуиран процес кој го спроведуваме навремено, организирано и согласно однапред утврдена динамика.
Затоа продолжуваме одговорно, системски и со засилено темпо да ги преземаме сите неопходни мерки за заштита на јавното здравје и поквалитетно секојдневие за скопјани“.












