Пијан возач од Берово со голема количина алкохол во крвта предизвикал сообраќајна незгода со удрување во паркирано возило и ограда на куќа, по што бил уапсен од страна на полицијата.
Полицијата уапси возач од беровско кој управувал возило со 2,62 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода.
Вчера во 17:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Љ.М.(62) од с.Русиново, беровско. Претходно, тој со патничко возило „форд“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и во ограда од двор на куќа.
При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.








