Кац до Ердоган: Не ја тестирајте решителноста на Израел да се брани

Макфакс

20/08/2026

11:30

205

Големина на фонт

а а а

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го предупреди турскиот претседател Ердоган да не ја тестира решителноста на Израел да се брани, поради опасните воени активности и натрупување на турски сили во Сирија.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја влече Турција во она што го нарече „опасни авантури во Сирија“, откако Израелските одбранбени сили (ИДФ) оваа недела бомбардираа сириска воздухопловна база поради, како што велат, натрупувањето на турски воени сили на таа локација.

Израел нема да дозволи ниту еден ентитет да ја загрози неговата безбедност“, рече Кац во објава на платформата Икс.

Кац напиша дека е „подобро Ердоган да продолжи да држи празни говори полни со заблуди против Израел во турскиот парламент отколку да ја тестира решителноста на Израел да се брани“.

Дамаск и Анкара негираа дека турските воени сили се натрупуваат во воздухопловна база во северозападна Сирија што Израел ја нападна оваа недела.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во вторникот ја предупредил Турција да се воздржи од какви било воени активности во Сирија, пренесува Танјуг.