[ФОТО] Првата љубов на Здравко Чолиќ се појави на црвениот килим во Сараево

Точка

16/08/2026

14:14

489

Големина на фонт

а а а

Меѓу познатите личности кои прошетаа по црвениот килим на 32. Сараевски филмски фестивал се најде и актерката Јасна Орнела Бери.

72-годишната актерка го привлече вниманието на фотографите, а покрај нејзината богата актерска кариера, со неа се поврзува и интересна љубовна приказна од младоста. Имено, таа била првата љубов на Здравко Чолиќ.

Нивната романса се случила уште во 1970-тите години, кога и двајцата биле млади и живееле во Сараево. За тој дел од своите животи долго време не зборувале јавно, а Бери дури неколку децении подоцна открила како изгледала нивната врска.


Се вљубиле кога биле многу млади

Се запознале во Сараево, каде што во тоа време се собирале млади уметници, музичари, актери и сликари. Бери раскажала дека често оделе во Скендерија и во Домот на младите и дека токму во тој период таа првпат се вљубила.

„Се запознавме многу млади, одамна. Одевме во Скендерија, во Домот на младите, каде што се собираа таленти, а таму имаше не само музичари, туку и актери и сликари. Се дружевме и токму таму јас првпат се вљубив. Сите ние имаме први љубови и тој секогаш ќе има дел од моето срце кој е резервиран само за него. Особено затоа што имав едно прекрасно искуство кое ќе го паметам цел живот“, раскажала таа своевремено за „Дневни аваз“.


Нивните животни патишта подоцна се разделиле, а по војната повторно се сретнале во Белград. Актерката ја опишала таа средба како многу емотивна и не криела дека и по толку години за Чолиќ има само убави зборови.

„Здравко Чолиќ е личност која шири позитивна енергија. Тој го има она нешто. Сега, по толку години, успеа да го задржи тоа. Тој е добар човек. Кај него ја сакав таа негова енергија, таа искра во очите која не згаснува“, се присетила актерката.

Таа додала дека станува збор за посебен вид љубов која останува и откако животните патишта ќе се разделат. „Тоа и понатаму е љубов која не можете да ја погалите и да ја држите за рака. Здравко секогаш ќе остане сечиј и ничиј“, рекла таа.

Открила и дека ѝ посветил песна

Бери тогаш открила уште еден детаљ од нивното заедничко минато. Според нејзините зборови, Чолиќ ѝ ја посветил неговата позната балада „Noć mi te duguje“.

Дека и денес се во добри односи покажа нивната средба на почетокот од оваа година. Имено актерката била во публиката на концертот на Чолиќ во Сараево, а пејачот ја забележал, се симнал од сцената и ја прегрнал.


Чолиќ повеќе од две децении е во брак со сопругата Александра, со која има две ќерки, Уна и Лара. Во текот на кариерата главно го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста, па за неговата младешка љубов со Бери се дозна дури многу години подоцна.

Јасна Орнела Бери зад себе има долга актерска кариера. Публиката ја памети по филмовите „Na putu“, „U zemlji krvi i meda“, „Snijeg“ и „Grbavica“, а се појавуваше и во популарните телевизиски серии „Lud, zbunjen, normalan“ и „Bitange i princeze“.