Талула Вилис (32), најмладата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур, се омажи за музичарот Џастин Ејси. Венчавката се одржа на 8 август на семејниот имот во американската сојузна држава Ајдахо, во кругот на најблиското семејство.
Најголемо внимание привлече доаѓањето на таткото на невестата, Брус Вилис, кој поради тешката здравствена состојба многу ретко се појавува во јавноста.
Списанието „Вог“ објави црно-бела фотографија на која Брус ја прегрнува Талула, додека истовремено се придржува за својот зет. Талула ја опиша оваа глетка како нежен момент со нејзиниот татко и сопруг на почетокот на славеничкиот викенд.
Фотографијата предизвика бројни емотивни реакции на социјалните мрежи. Многумина во коментарите напишаа дека глетката ги трогнала, особено поради борбата на актерот со болеста и неговата одлука и покрај сè, да биде покрај ќерката на нејзиниот важен ден.
Борбата на актерот со болеста
Вилис се повлече од актерската сцена во 2022 година, откако му беше дијагностицирана афазија. Неговото семејство на почетокот од 2023 година објави дека актерот боледува од фронтотемпорална деменција.

Станува збор за прогресивно невродегенеративно нарушување кое може да влијае врз говорот, разбирањето на јазикот и однесувањето. Оттогаш Вилис многу ретко се појавува во јавноста, а за него се грижи неговото семејство.
Обединето семејство
Освен Талула, Вилис со поранешната сопруга Деми Мур ги има и ќерките Румер и Скаут. Со неа остана во блиски односи и по разводот. Со сегашната сопруга Ема Хеминг Вилис има уште две ќерки, Мејбл и Евелин.

Целото семејство остана многу поврзано и заедно му дава поддршка.








