Ѓоковиќ откри здравствен проблем по елиминацијата во Синсинати: Ова ме мачи неколку години

Дерби

16/08/2026

09:53

312

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ во изминатите две-три години во повеќе наврати се најде во ситуации во кои многу брзо „издишува како балон“, а тоа посебно доаѓа до израз кога игра на турнирите во САД и во Австралија каде се игра во екстремни услови.

Високите температури и високата влажност ги прават мечевите исклучително непријатни за големиот грен слем рекордер, кој вчеравечер загуби меч на кој изгледаше дека има добри предуслови да победи.

Новак го доби првиот сет против Аргентинецот Тиранте со 6:2, но физичките проблеми се активираа во вториот сет, по што Србинот имаше ситуации во кои едвај стоеше на нозе.

Иако успеа да ја преброди кризата и да живне, Новак не пронајде доволно сили за да го врати мечот во свои раце, па на крајот загуби со 6:4 и 6:4 во вториот и третиот сет и се збогуваше уште во воведната рунда во Синсинати.


– Ова не беше пријатен меч за мене, така се чувствував од првиот момент и знаев дека ќе биде така. Ова не е првпат, нема да биде ниту последен, но тоа е што е, – изјави Ѓоковиќ.

Мечот во Синсинати се играше во ситуација кога температурата изнесуваше 28 степени целзиусови, но кога на тоа ќе се собере висиоката влажност од 80 проценти во воздухот, доаѓа до комбинација која стана неподнослива за Србинот во последните неколку години.

– Не се работи за временските услови, станува збор за здравствен проблем кој го имаме веќе некое време. Тој проблем ме мачи веќе неколку години, особено кога има голема влажност и високи температури. Кога на тоа ќе се собере и нервозата и останатите работи кои се дел од мечот, тоа дополнително ја влошува ситуацијата, – изјави Ѓоковиќ, кој не знае дали наредната година ќе може да се врати во Синсинати.

– Секако дека би сакал да се вратам и да играм тука, но во овој момент делува дека има повеќе шанси дека нема да се вратам. Ќе видиме што ми носи иднината, – заврши Србинот.