[ВИДЕО] Ѓоковиќ доживеа голем пад, повраќаше во Синсинати, па по голема борба загуби од Тиранте

Дерби

16/08/2026

08:19

1.585

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ мина фуриозно во првиот сет од дуелот со Тиаго Тиранте кој значеше прв меч за него по полуфиналето на Вимблдон, но долгата пауза која ја направи Србинот од третиот грен слем во годината, очигледно направи да остане без здив во вториот сет.

Откако го доби првиот сет со 6:2, Новак имаше проблеми со дишењето и почна да се мачи поради големата влажност во Синсинати, па во еден момент се доведе во ситуација да повраќа и да паѓа на колена на теренот.

Србинот изгледаше целосно грогирано и го загуби својот сервис во вториот сет, а потоа Тиранте отсервира мирно и со 6:4 успеа да израмни на 1:1.

Во тие моменти не беше сигурно дали Новак ќе го доигра мечот, но паузата за тоалет позитивно влијаеше врз Ноле и тој успеа да се врати доста подобро на теренот.

Ѓоковиќ делуваше посвежо и покрај тоа што не беше во најдобар ритам, па во такви услови пружи голема борба во третиот сет, во кој сепак потклекна во финишот. До 4:4 се играше неверојатно израмнето, но Тиранте тогаш направи брејк, а потоа со свој почетен удар отсервира за 6:4 и го елиминираше Новак уште на стартот на Синсинати по два часа и 44 минути игра на централниот терен.