[ФОТО] Винтиџ изданието на Амал Клуни го „маѓепса“ езерото Комо! Фустанот стар 22 години од контроверзниот дизајнер е чиста моќ

Кармин

14/08/2026

14:05

827

Големина на фонт

а а а

Амал Клуни е модна икона, а најмногу ги сакаме нејзините модни изданија кога го посетува езерото Комо, каде што има вила.

Таа неодамна била забележана во вилата Пасалаква со своето семејство, а за вечерта за собирање средства на Фондацијата Клуни избрала црн винтиџ фустан од Џон Галијано.


Долгиот фустан имал тенки прерамки, извезени цветови на предниот дел и кадифена машна во шартез боја преку торзото, а била дел од колекцијата на дизајнерот за есен/зима 2004 година.


Адвокатката и активистка го надополнила овој фустан со златни висечки обетки и предимензионирани очила за сонце од „Chloé“, а во раката носела бордо плетена кожна чанта.

Амал е позната по својата љубов кон винтиџ модата.


Минатиот месец таа носела винтиџ фустан од Тјери Муглер, а минатата година се појавила во златен фустан од Александар Меквин, кој Камерон Дијаз го носела пред 20 години.

Нејзиниот неодамнешен избор на дизајнер е особено интересен, со оглед на тоа што неодамна беше откриено дека темата на Мет гала во 2027 година ќе биде токму творештвото на Џон Галијано, што наиде на остри критики од дел од јавноста.


Покрај модното уживање што ни го приреди Амал Клуни, ова беше и ретка можност во јавноста да се видат децата на Џорџ и Амал Клуни.


Амал за рака го држела осумгодишниот син Александер, кој носел кафеав костум и сандали, додека неговата сестра близначка Ела била модно усогласена со својот татко, кој избрал светлосив костум.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk