Кристијано Роналдо во издание во какво што досега не сме го виделе. Португалската ѕвезда се одлучи за промена на имиџот и изненади многумина.
По заветувањето на вечна љубов со Георгина Родригез, Роналдо реши целосно да го промени својот изглед и повторно го привлече вниманието на јавноста.
На тренингот на Ал Наср се појави во досега невидено издание. Многумина веднаш го споредија со Пол Сколс, неговиот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, кој е препознатлив по кратката, црвенкаста коса.
Со новиот изглед, Роналдо под водство на новиот тренер Анж Постекоглу тргнува во поход кон магичната граница од 1.000 голови во кариерата. Португалецот во моментов е на бројката од 976 погодоци во клупскиот и репрезентативниот фудбал, а пред него е последната година од договорот во Саудиска Арабија, каде што заработува вртоглави половина милион евра дневно.
🔴🔴 Ange Postecoglou à Cristiano Ronaldo :
— Gio CR7 (@ArobaseGiovanny) August 13, 2026
"Félicitations à toi et ta famille, mon ami"
Applaudissements de l'équipe pour le mariage de Georgina et Cristiano ! 👏👏 pic.twitter.com/l8TyHzWpjI
Промената на изгледот дојде само неколку дена откако во јавноста се појавија информации дека Роналдо и Георгина конечно стапиле во брак. По десет години врска и пет деца, парот наводно го изговорил судбоносното „да“ на приватна и интимна граѓанска церемонија во Кашкаиш, Португалија.
На венчавката ѝ претходеше вистинска забуна која ги доведе во заблуда светските медиуми, но и илјадници обожаватели. Тие се собраа пред катедралата во Фуншал на Мадеира, убедени дека токму таму Роналдо и Георгина ќе ги разменат брачните завети. Меѓутоа, набрзо се покажа дека станувало збор за венчавка на сосема друг пар.
За моментот кога одлучил да ја запроси својата долгогодишна партнерка, Роналдо претходно зборуваше без премногу разубавување на приказната.
„Еден пријател ми го даде прстенот, а во тој момент влегоа моите ќерки и рекоа: ’Тато, ќе ѝ го дадеш прстенот на мама и ќе ја прашаш дали сака да се омажи за тебе.‘ Тоа беше прекрасен, искрен момент. Не клекнав на колено, не сум премногу романтичен тип кој носи цвеќе секоја недела, но знаев дека таа е жената на мојот живот“, раскажа Португалецот.
А кога станува збор за прстенот, Роналдо воопшто не штедел. Експертите за накит проценија дека раскошниот дијамантски прстен на раката на Георгина вреди дури 1,5 милиони фунти.
За повеќето луѓе станува збор за богатство кое се стекнува во текот на целиот живот. За Кристијано? Приближно три дена „работа“.













