Барнс со Top 5 прогноза за новата сезона, не очекува подвиг од Ливерпул по менаџерската смена

Дерби

14/08/2026

12:47

309

Големина на фонт

а а а

Ливерпул влегува во новата сезона со неколку промени во составот, но и најважно со нов менаџер, откако Андони Ираола беше ангажиран да го наследи отпуштениот Арне Слот.

Клупската легенда Џон Барнс не очекува подвиг на „црвените“ и повторување на успехот кој го направи Слот во својата прва сезона во Премиер лигата и се надева дека раководството нема да брза со делење откази поради послаб пласман во транзицискиот период.

– Мислам дека Арсенал и Манчестер Сити остануваат најголеми фаворити за титулата и во новата сезона. Потоа следуваат Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Челси кои би требало да го формираат Топ 5 друштвото.

– Би било Ливерпул да ја освои титулата или да биде втор, но јас не би бил разочаран ни од третото место во првата сезона на Ираола.

– Да ве потсетам дека Артета завршуваше две сезони на осмото и една на петтото место пред да дојде до можност да стигне до титулата, тие застанаа зад него, го поддржуваа и видовте што се случи. Затоа Ливерпул не смее да размислува да го отпушти тренерот ако заврши на третото или четвртото место, – рекол Барнс.