Постекоглу му ја честиташе венчавката на Роналдо, реакцијата на Португалецот стана вирална

Дерби

14/08/2026

11:28

316

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо пред неколку дена ја потврди венчавката со својата партнерка Џорџина и фактот што сега таа и официјално му е брачен партнер, но Португалецот немаше време за „меден месец“ и наместо тоа веќе тренира со соиграчите од Ал Наср.

Шампионот на Саудиска Арабија ја започнува новата сезона, па Роналдо експресно им се придружи на соиграчите и напорно работи под водство на новиот тренер Анге Постекоглу.

Австралискиот стручњак сепак реши формално да му честита на Роналдо за важниот животен чекор пред останатите соиграчи, а камерата ја улови интересната реакција на португалската ѕвезда.

Ал Наср ќе ја отвори новата сезона утре, со дуел против Ал Фатех на домашен терен.