[ФОТО] Многумина сакаат да го видат ова купе на „Acura“ на улиците, но компанијата има поинаков план

Точка

14/08/2026

11:42

399

Големина на фонт

а а а

Новата „Acura Nexera Vision“ носи футуристички дизајн и ја прикажува електричната визија на брендот.

„Acura“ на Неделата на автомобили во Монтереј, по повод 40 години од постоењето на брендот, го претстави концептот „Nexera Vision“, атрактивно спортско купе со две седишта кое го најавува идниот дизајнерски правец на компанијата.

Иако изгледа како сериозен кандидат за сериско производство, „Acura“ нема планови овој модел да го претвори во сериски патнички автомобил. Наместо тоа, елементи од неговиот дизајн ќе бидат пренесени на идните сериски модели, пред сè на новата генерација на хибридниот „SUV“ „Acura RDX“.


Концептот се карактеризира со долга хауба, ниска силуета и агресивен преден дел, додека особено внимание привлекуваат новите „LED“ светла, кои се речиси невидливи додека не се вклучат.

Овој препознатлив светлосен потпис наскоро ќе се појави и кај сериските модели.


„Nexera Vision“ доби и врати кои се отвораат нагоре, активен заден спојлер, аеродинамични канали за воздух и 22-инчни тркала со карбон-керамички сопирачки од „Brembo“.

Во кабината доминира минималистички пристап. Наместо голем број екрани, „Acura“ вгради закривена дигитална инструмент-табла зад управувачот.


Седиштата се фиксирани и практично вградени во подот за положбата на возачот да биде што е можно пониска, додека наместо нив се приспособуваат позициите на управувачот и педалите.

Компанијата не објави технички податоци, но дизајнот и пропорциите укажуваат дека станува збор за целосно електричен концепт.

Од „Acura“ наведуваат дека „Nexera Vision“ го претставува почетокот на нова дизајнерска ера и дека неговите елементи многу брзо ќе пристигнат кај идните модели на брендот.