Најагресивните возачи се во оваа земја: Дали сте изненадени?

Точка

13/08/2026

12:08

369

Големина на фонт

а а а

Истражување открива каде е најтешко да се вози и кои навики на возачите најмногу ги нервираат останатите учесници во сообраќајот.

Според резултатите од глобалното истражување спроведено од платформата „DiscoverCars.com“, Италија ги има најагресивните возачи во светот.

Дури 23 проценти од испитаниците навеле дека во оваа земја доживеале непредвидливо или ризично однесување зад воланот.

На второто место се најде Велика Британија, каде што 11 проценти од испитаниците пријавиле агресивно однесување на возачите. Лондон особено често се споменувал во одговорите.

Третото место го зазедоа САД со 9 проценти, додека Франција и Австралија добиле по 5 проценти. Потоа следуваат Шпанија и Турција со по 4 проценти, пишува „Euronews“.


Ова најмногу ги нервира возачите

Најчестата забелешка се однесува на возачите кои не користат трепкач при свртување. Ова го навеле 56 проценти од испитаниците.

На второто место е возењето на премало растојание, односно „лепењето“ за возилото напред, со 46 проценти.

Следуваат бавното возење во лентата за претекнување со 43 проценти и наглото сопирање со 20 проценти.


А каде возачите се најпристојни?

Истражувањето испитувало и колку самите граѓани сметаат дека се пристојни зад воланот. Бразил и Чиле се најдоа на врвот со просечна оценка од 9,46 од можни 10, а по нив следуваат Индија со 9,41 и Шведска и Франција со по 9,40.

Кога станува збор за општата љубезност, резултатите од друго истражување биле поинакви.

Јапонија го зазела првото место, пред Канада и Велика Британија.

Интересно е што однесувањето на патиштата очигледно не секогаш се совпаѓа со општата слика за љубезноста на жителите на одредена земја.

Италија, на пример, е високо на листата на земји со најагресивни возачи, но истовремено се смета за една од најпопуларните туристички дестинации во светот.