Полскиот клуб Јагјелонија излезе како победник од двомечот со Глазгов Ренџерс во квалификациите за Лига Европа, што е уште едно разочарување за шкотскиот клуб кој влезе лошо во новата сезона.
Новиот менаџер МекИнис има сериозни проблеми и заработува многу критики поради постигнатите резултати, а вчера не успеа да му помогне ни Бојан Миовски, кој ретко добива шанса под негово водство, но синоќа се најде во неколку опасни ситуации за многу краток период.
Сепак, полскиот тим избори реми во Глазгов, па победата на домашен терен му беше доволна да си обезбеди место во плејофот, додека Ренџерс се префрла во Конференциската лига.
Јагелонија по средбата ја надополни еуфоријата со класично тролање на шкотските фанови, објавувајќи видео со кое возврати на нивните коментари во пресрет на двомечот. На социјалните мрежи се проширија шегите дека името на Јагјелонија Бјалисток е толку сложено што звучи како лозинка за интернет мрежа, а синоќа Јагелонија објави видео на кое капитенот Ник Прелец се обидува да влезе на интернет мрежата „УЕФА Лига Европа“, а откако лозинката „РенџерсФЦ“ се покажува како неточна, успева да влезе на мрежата со името на полскиот клуб.
🇵🇱 Fair play to Jagiellonia Białystok with this video! Many people said Rangers were playing a Wi-Fi password!
— The European Football Express (@TheEuroFE) August 13, 2026
Well, that ‘Wi-Fi password’ has just knocked Rangers out of the Europa League.
What a response to that! 🤣
🎥 @Jagiellonia1920 pic.twitter.com/5qeFsoyjOS






