Се поочигледно е дека Карик добива неочекувано засилување во нападот: Тој нуди нешто поразлично од сите други

Дерби

13/08/2026

13:41

87

Големина на фонт

а а а

Маркус Рашфорд беше на отпусната листа од Манчестер Јунајтед и се очекуваше да направи перманентен трансфер во Барселона за 30 милиони евра, но откако каталонскиот гигант повлече чекор назад и не ја активираше опцијата за откуп, се отворија многу прашања поврзани за англискиот репрезентативец.

Рашфорд до оваа фаза на летниот преоден рок не доби друга примамлива понуда за да размислува на трансфер, а со оглед на тоа што има важечки договор со Манчестер Јунајтед, од понеделникот тренира како играч плус во Карингтон центарот.

Како што стојат работите, станува се поочигледно дека Мајкл Карик ќе добие неочекувано засилување и опција плус во нападот за стартот на новата сезона, па за ова првпат проговори и самиот менаџер на Јунајтед кој го познава Маркус уште од играчките денови.

– Маркус е наш играч и се појави на тренинзите во одлична форма. Ние на него сега гледаме како на секој друг играч во првиот тим на Јунајтед.

– Го познавам Маркус доста долго, знам дека тој е тип на играч кој ни нуди нешто поразлично од се она што го имаме во тимот. Се врати на тренинзите со позитивен дух, тренира два или три дена со тимот и се се одвива сосема нормално. Го чекаме стартот на сезоната со него како дел од тимот, – изјави Карик.