[ФОТО] „Лудо е како функционира животот“: Ријана ги покажа децата и ги однесе на место кое има посебно значење за неа

Кармин

12/08/2026

14:21

583

Големина на фонт

а а а

Ријана престојува во својот роден крај, на Барбадос, каде што ужива во одморот со своите три деца, што може да се види на фотографиите што ги објави.

Таа позирала со своите синови и ќерката, која е родена пред единаесет месеци, а се фотографирале на улицата Вестбери Њу Роуд, која од 2017 година го носи името „Ријана Драјв“ во нејзина чест.

Славната пејачка токму таму пораснала, а познато е дека уште од почетокот на кариерата го носи прекарот „убавицата од Барбадос“, па јасно е дека ова за неа било многу емотивен момент.


„Во еден момент се чувствувам како она дете од Вестбери, а веќе во следниот ги носам сопствените деца назад на улицата Ријана. Лудо е како функционира животот!“, напишала пејачката под на фотографиите на Инстаграм.


Претходно овој месец таа го прослави третиот роденден на својот син Рајот, за кого организирала раскошна прослава на тема Спајдермен, а магазинот „Пипл“ наведува дека забавата била организирана во нејзиниот дом на Барбадос.


Ријана и АСАП Роки се во врска од 2020 година и досега имаат три деца. Најголемата желба на Ријана била, по двата сина, да добие ќерка, а желбата ѝ се остварила на 13 септември 2025 година.


Освен на мајчинството, таа е посветена и на својот успешен бренд, па кон крајот на јули 2026 година ја претстави новата колекција долна облека „Luxe Lace“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk