Инцидент во центарот на Будимпешта: Дива свиња залутала во метро-станица, направила хаос, а потоа …

Точка

10/08/2026

17:08

538

Големина на фонт

а а а

Необичен инцидент се случил во Будимпешта, кога дива свиња втрчала во метро-станица во близина на плоштадот Кошут Лајош, а потоа завршила под воз.

Животното, тешко околу 60 килограми, го преживеало ударот, но на крајот било усмртено од ловец. Поради интервенцијата на надлежните служби, сообраќајот на линијата М2 бил привремено прекинат, а патниците биле превезувани со автобуси.

„Не ни помислував…“

Според пишувањата на локалните медиуми, дивата свиња влегла во станицата околу 11 часот и, откако се спуштила по подвижните скали, завршила на перонот, односно на шините.

Во еден момент животното било удрено од воз и останало заглавено под композицијата. На местото бил повикан ловец, кој ја усмртил дивата свиња, пренесува „24. hu“.

Некои унгарски медиуми го поставиле прашањето дали таквата интервенција била неопходна. Откако станицата била затворена, а композицијата поместена, надлежните служби го извлекле животното.

На социјалните мрежи се појавиле и снимки, а инцидентот го коментирал и градоначалникот на Будимпешта, Гергељ Карачоњ.

„Не ни помислував дека еден ден ќе пишувам за нешто вакво“, порача тој.

Leszaladt egy vaddisznó az M2-es metróba a Kossuth téren
by

u/Weekly_Car956 in

hungary

Се приспособиле на градот

Карачоњ навел дека вработените во јавниот превоз работат на тоа сообраќајот што е можно побрзо да се нормализира и дека јавноста ќе биде информирана за понатамошниот развој на настаните.

Инцидентот повторно го привлече вниманието кон проблемот со дивите свињи во Будимпешта.

Локалните медиуми и претходно известувале дека на подрачјето на унгарската престолнина живеат неколку стотици диви свињи, кои со текот на времето се приспособиле на животот во урбана средина.

Според наводите, овие животни се разликуваат од своите сродници што живеат во дивината, меѓу другото и според генетските карактеристики.