Никој не може да поверува дека ова не е вештачка интелигенција: Таа се вика Акжан и е едно од најубавите суштества на планетата

Точка

09/08/2026

16:24

1.395

Големина на фонт

а а а

Кобилата Акжан, со ретка изабела боја, потомок на чистокрвните ахалтекински коњи Гонтли и Табис и миленичка на претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, за првпат е снимена за време на прошетка во природа, објави новинската агенција „Kazinform“.

Снимателот Дастан Мухамедрахим ја сподели снимката на „Instagram“, нарекувајќи ја Акжан „крилестиот коњ на Големата степа“ и истакнувајќи дека му било чест да го сними коњот на претседателот, јавува „Quazinform“.

Акжан, чие име значи „Чиста душа“, станува културен симбол на Големата степа.


Родена е во Астана на 30 март 2025 година. Нејзиното крзно има посебен оптички ефект: фините влакна ја прекршуваат светлината, создавајќи сатенски сјај кој изгледа речиси нереално. Денес Акжан се смета за уникатен културен феномен, а луѓето ѝ се восхитуваат како поради нејзината реткост како коњ, така и поради тоа што претставува симбол близок до народот.

Корисниците на социјалните мрежи во Казахстан активно ги споделуваат нејзините фотографии и коментари, дополнително зајакнувајќи ја емотивната поврзаност со нејзиниот лик.