[ФОТО] 712 часа работа за изработка на волшебната венчаница од Баленсијага: Се омажи најмладата ќерка на некогашниот познат холивудски пар

Кармин

10/08/2026

13:15

794

Големина на фонт

а а а

Најмладата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур, актерката Талула Вилис, се омажи за музичарот Џастин Ејси.

Парот го изговори судбоносното „да“ на интимна церемонија во Ајдахо на 8 август, пренесе „Вог“.

Актерката за венчавката избрала уникатна венчаница од модната куќа „Баленсијага“, која специјално за неа ја дизајнирал креативниот директор Пјерпаоло Пичоли.


Станува збор за една од првите венчаници што Пичоли ги осмислил откако го презел креативното водство на модната куќа.

Невестата носела свилена сатенска венчаница без прерамки, со драпирана опашка прицврстена со голема машна на грбот.


Во креирањето на венчаницата учествувал и Бред Горески, долгогодишниот стилист на нејзината мајка Деми Мур.

„Се надевав на нешто волшебно, но на неочекуван начин, нешто што ќе биде како мене“ изјавила Талула за „Вог“.


За изработката на венчаницата и нејзините преправки биле потребни 712 часа работа, од кои 405 часа биле потрошени за конструкцијата и кроењето, додека за изработката на велот биле потребни уште девет часа.


Како што пренесоа странските медиуми, на венчавката присуствувале нејзината мајка и сестрите Румер и Скаут.


Неколку дена пред церемонијата, Скаут објави фотографија од парот пред зградата на судот во Хејли, каде што ја добиле дозволата за склучување брак.

„Моите ангели ја добија дозволата“ напиша Скаут.




Потсетуваме, Талула и Џастин, поранешниот тапанар на бендот „Made Violent“, се во врска од јануари 2023 година, а се свршија една година подоцна.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk