Новиот SUV на „Xiaomi“ веќе има повеќе од 100.000 резервации

Точка

10/08/2026

12:41

789

Големина на фонт

а а а

„Xiaomi“ се подготвува да ја прошири својата понуда на возила со серијата „SkyNomad“, која моментално опфаќа два големи SUV-модели со систем за продолжен досег.

„SkyNomad N90 Max“ е позициониран како голем SUV со седум седишта, погон на сите четири тркала и систем со продолжен досег, наменет за семејни патувања на долги релации. Тука е и „SkyNomad N70 Max“, позициониран како SUV со пет седишта и погон на сите четири тркала, исто така со систем со продолжен досег, насочен кон секојдневното патување до работа и квалитетот на возењето.

Подот во возилата е рамен. Предните седишта можат да се ротираат за 180 степени, додека вториот ред е опремен со седишта кои можат да се преклопат.


Двата кросовери се базираат на новата платформа „Kunlun“ на „Xiaomi“ и имаат електричен погон со продолжувач на досегот. Врвниот модел е „Xiaomi SkyNomad N90 Max“, долг 529 сантиметри, со два електромотори – 286 КС напред и 136 КС назад. Батеријата ја полни 1,5-литарски турбобензински мотор со 154 КС.

Вкупниот досег на електрична енергија и бензин изнесува 1.500 километри според стандардот „WLTP“. Капацитетот на батериите кај моделите N70 и N90 се движи од 52 до 76 kWh, во зависност од верзијата, што овозможува целосно електричен досег од 460 до 500 километри.


Електронски ограничената максимална брзина изнесува 190 km/h, додека N90 забрзува од 0 до 100 km/h за 5,9 секунди. Сите модели, кога батеријата е празна, имаат потрошувачка на гориво од само 5,7 литри на 100 километри според стандардот „WLTC“. Суспензијата е независна на сите четири тркала, со воздушно … 

Серијата „SkyNomad“ поминала повеќе од три години развој и усовршување. Планирано е овие модели да пристигнат и во Европа, додека почетната цена во Кина изнесува 33.000 евра за N70 и 38.500 евра за N90, пренесува „Revija HAK“.


Тоа е неверојатно ниска цена за голем SUV подолг од пет метри. Во Европа цените сигурно ќе бидат повисоки, но во секој случај се поставува прашањето како европските премиум-конкуренти ќе можат да му парираат на ваков модел.

Кинескиот медиум „Cailian“ наведува дека „Xiaomi“ веројатно надминал 100.000 преднарачки за првата линија „SkyNomad EREV“ возила за само девет дена претпродажба, при што поголемиот N90 е попопуларен меѓу купувачите.