Поради тоа, „Volkswagen“ ја прошири програмата за реструктуирање, па во наредниот период би можеле да бидат укинати до 140.000 работни места, со цел компанијата да заштеди повеќе милијарди евра.
„Volkswagen“ се соочува со големи предизвици. Иако вработува околу 629.000 работници ширум светот, што е приближно 60 проценти повеќе од „Toyota“, која има околу 391.000 вработени, јапонскиот производител и понатаму произведува и продава значително повеќе автомобили.
Во текот на првата половина од годината, „Toyota“ испорача 5,39 милиони возила, додека „Volkswagen Group“ продаде 4,13 милиони. Овие податоци дополнително го зголемуваат притисокот врз германскиот производител да ги намали трошоците за работење.

Од „Volkswagen“ истакнуваат дека голем дел од производството, развојот и изработката на компоненти се одвиваат во рамките на самата компанија, што го зголемува бројот на вработени, но истовремено значително ги зголемува и трошоците.
Во исто време, целата европска автомобилска индустрија се соочува со сè поголема конкуренција од кинеските производители, послаба побарувачка на кинескиот пазар, побавен раст на продажбата на електрични автомобили, високи цени на енергенсите и неизвесна геополитичка ситуација.

Поради тоа, „Volkswagen“ ја прошири програмата за реструктуирање, па во наредниот период би можеле да бидат укинати до 140.000 работни места, со цел компанијата да заштеди повеќе милијарди евра.
Слични потези преземаат и другите германски производители. „BMW“ планира да го намали бројот на вработени за околу 8.000, додека „Mercedes-Benz“ дел од производството го преселува од Германија во Унгарија, каде што трошоците за работна сила се значително пониски.

Сето ова покажува дека автомобилската индустрија се наоѓа во период на големи промени, а поефикасниот деловен модел на „Toyota“ станува сè поголем предизвик за европските производители.






