Green Coast го носи Nammos Hotels & Resorts во Албанија: Нова lifestyle дестинација се создава на албанската ривиера

Точка

07/08/2026

18:55

183

Големина на фонт

а а а

Green Coast, водечката дестинација на крајбрежјето во Албанија, воспостави стратешко партнерство со Nammos Hotels & Resorts, меѓународно признатиот медитерански lifestyle бренд, за развој на хотелска и резиденцијална понуда под брендот Nammos во рамките на комплексот Green Coast во Паласа. Оваа најава го означува влезот на брендот Nammos во Албанија и дополнително го зацврстува растечкиот статус на албанската ривиера како дестинација што ја избираат премиум меѓународни брендови.

Партнерството обединува две организации со заедничка посветеност кон квалитетот, создавањето препознатливи дестинации и долгорочниот развој на медитеранското lifestyle искуство. Green Coast се етаблираше како репер за интегрирано живеење во крајбежјето на Албанија, комбинирајќи станбени заедници, угостителство, малопродажба и содржини за рекреација во внимателно испланирана средина на јонското крајбрежје. Nammos, кој потекнува од Миконос, прерасна во глобална lifestyle платформа која опфаќа хотели, брендирани резиденции, препознатливи гастрономски концепти, малопродажба и велнес, со присуство на Миконос, во Дубаи, Кан, Сардинија, Лондон и Лимасол. Албанија станува седмата земја во светот во која ќе биде присутен брендот Nammos.

Планираната дестинација под брендот Nammos во рамките на Green Coast ќе опфати бутик хотел со 29 сместувачки единици, 12 брендирани резиденции, ресторан Nammos, дополнителни концепти за храна и пијалаци, како и внимателно селектирана малопродажна понуда, кои ќе функционираат во рамките на долгорочен договор. Проектот ќе биде дизајниран и управуван во согласност со стандардите на брендот Nammos Hotels & Resorts, создавајќи lifestyle дестинација што го одразува глобалниот идентитет на брендот Nammos и препознатливиот природен карактер на албанската ривиера.


Петрос Статис, претседател на Nammos, изјави: „Горди сме што воспоставуваме партнерство со BALFIN Group за овој возбудлив проект, во една од најбрзо растечките дестинации на Медитеранот. Nammos Resort Albania ќе донесе ексклузивно, ултра-луксузно хотелско искуство на албанската ривиера и ќе стане нов репер за регионот.“

Самир Мане, претседател на BALFIN Group, изјави: „Ова партнерство претставува значајна пресвртница во развојот на Green Coast. Со комбинирање на нашата долгорочна визија за развој на дестинацијата со глобално препознатливата експертиза на Nammos во lifestyle индустријата и хотелиерството, имаме цел да создадеме уникатна понуда што дополнително ќе ја зајакне меѓународната привлечност на албанската ривиера. Заедно создаваме дестинација што ја одразува растечката зрелост и амбицијата на туристичкиот и хотелско-угостителскиот сектор во Албанија.“

За Nammos Hotels & Resorts, партнерството претставува можност за проширување на дестинација со исклучителни природни вредности, растечка препознатливост во светски рамки и силен долгорочен потенцијал. Големината и инфраструктурата на Green Coast, развиени преку инвестиција вредна над 1 милијарда евра, поставуваат основа за интегрирано, одржливо и осмислено присуство на Nammos со цел создавање долгорочна вредност за гостите, жителите и инвеститорите.

Оваа најава ја одразува континуираната доверба на интернационалните брендови од областа на угостителството и lifestyle индустријата во туристичкиот сектор на Албанија и се очекува дополнително да придонесе кон позиционирањето на албанската ривиера како водечка медитеранска дестинација за туризам, премиум резиденцијално живеење и долгорочни инвестиции.

Комерцијален текст