Трагедија: Загина 19-годишно момче во тешка сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

A1ON.MK

07/08/2026

15:19

851

Големина на фонт

а а а

Момче загина попладнево на патот Радишани кон Побожје по сообраќајна незгода меѓу автомобил и мотоцикл, информацијата ја потврди доктор Драган Панов, раководител на смена во Итна медицинска помош – Скопје.

– По пристигнувањето на лице место на наша екипа, констатирана е смрт на лице место без витални знаци на живот – изјави доктор Панов.

Од МВР информираат дека во сообраќајната несреќа загинало момчет на 19-годишна возраст.


„Денеска во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот. Во тек е увид“, информираат од МВР.