[ФОТО] Летната елеганција на Ана Ивановиќ: Поранешната тенисерка блесна во фустан што „освојува“ на прв поглед

Кармин

06/08/2026

08:30

783

Големина на фонт

а а а

Ана Ивановиќ повторно воодушевува со својот стил, а нејзиниот најнов моден избор е доказ дека наједноставните комбинации се често највпечатливите. Оваа летна модна комбинација лесно може да се приспособи на секоја пригода.

Поранешната тенисерка е вистинска модна инспирација ова лето. Со своето најново модно издание, таа уште еднаш покажа дека со леснотија ги комбинира елеганцијата и лежерноста, во комбинација што е совршена за безгрижните летни денови.

Идеален за дневни но и ноќни, летни модни комбинации

На фотографиите што ги сподели на својата Инстаграм приказна, Ивановиќ носи долг, лелеав црн фустан со тенки прерамки, кој ја следи линијата на телото, но истовремено остава доволно простор за удобност за време на високи температури.


Благо збрчканите детали на предната страна му даваат дополнителна доза на женственост и динамичност, додека минималистичкиот крој му овозможува на фустанот да изгледа ненаметливо, но исклучително шик.

Овој едноставен, но ефективен стајлинг, Ивановиќ го заокружи со рамни сандали - совршен избор за разгледување или долги прошетки покрај морето и ефектни големи обетки кои даваат допир на гламур, а носеше и очила за сонце.


Она што ја прави оваа комбинација особено привлечна е нејзината сестраност. Истата комбинација може да функционира без никакви проблеми преку ден, на пример, додека истражувате живописни улици и видиковци, но и навечер, со чаша вино и вечера со поглед на морето.

Само додадете лесен кардиган или сменете ги чевлите со поелегантни сандали и модната комбинација добива сосема нова димензија.

Поранешната тенисерка добива бројни комплименти во последните месеци за фотографиите на кои ужива, а особено за нејзините модни избори.


И со ова издание, таа уште еднаш потврди дека едноставноста и внимателно одбраните детали се клучот за беспрекорен летен стил, оној кој изгледа подеднакво добро на фотографиите како и во реалниот живот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk