Американската FAA покрена истрага поради близок контакт помеѓу патнички авион и претседателскиот хеликоптер на Доналд Трамп при полетување од Белата куќа, додека надлежните служби ги испитуваат деталите за безбедноста на летот.
Американската Федерална управа за воздухопловство (FAA) покрена истрага откако патнички авион се доближил на помалку од 2,5 километри до претседателскиот хеликоптер „Марин Ван“, во кој се наоѓал претседателот Доналд Трамп.
Инцидентот се случил во вторникот попладне, непосредно по полетувањето на хеликоптерот од јужниот тревник на Белата куќа, додека воздушниот сообраќај на аеродромот „Вашингтон Нешнал“ сè уште не бил привремено запрен.
Според анализата на комуникацијата, пилотите на „Марин Ван“ најмалку трипати ja известиле контролнaта кула за планираното полетување, но се чини дека потврдата не била примена поради прекин во комуникацијата.
И двата воздухоплова безбедно го продолжиле летот, а надлежните служби ги утврдуваат околностите под кои дошло до инцидентот.





