САД нудат над 100 милиони долари награда за информации за мексикански нарко-картел

Макфакс

05/08/2026

20:10

367

Големина на фонт

а а а

САД ја зајакнуваат борбата против мексиканскиот нарко-картел CJNG, нудејќи награда од над 100 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење или осуда на водачите и воведуваат визни ограничувања за поврзани лица.

Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека САД ја интензивираат борбата против мексиканскиот нарко-картел Картел де Халиско Нуева Генерасион (CJNG), оценет како една од најголемите закани за меѓународната безбедност.

Стејт департментот нуди награди во вкупен износ од над 100 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење или осуда на водачите и нивните соработници.

Покрај тоа, САД воведуваат визни ограничувања за 65 лица и поништуваат 26 веќе издадени визи на членови на семејства и соработници поврзани со картелот.

CJNG е еден од најмоќните и најнасилните нарко-картели во Мексико, поврзан со трговија со фентанил, метамфетамин и кокаин, како и со убиства, киднапирања, изнуда и перење пари.