На скопскиот аеродром уапсен жител на Словачка, бил баран со меѓународна потерница на Интерпол

Макфакс

05/08/2026

13:40

148

Големина на фонт

а а а

На скопскиот аеродром бил уапсен млад човек од Словачка кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол Германија, соопшти МВР.

На скопскиот аеродром вчера бил уапсен жител на Словачка кој бил баран со меѓународна потерница на Интерпол.

Според информациите на МВР, вчера во 21:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.Ф.(22) од Словачка, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција, било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол Германија.

Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.