Во Битола е асфалтиран нов паркинг простор со површина од 1550 м2 во поранешната касарна СТУ9 АРМ Четврт 3, со цел обезбедување на дополнителни паркинг места во градот. Проектот вклучува коловоз, атмосферска канализација, осветлување и сообраќај, со финансиска вредност од над 6 милиони денари.
Денес се асфалтираше новиот паркинг простор во поранешната касарна кој е изграден на СТУ9 АРМ Четврт 3. Вкупната површина на овој паркинг простор е 1550 м2 и се обезбедуваат нови паркинг места во тој дел на градот, извести Општина Битола.

„Проектот кој е од вториот владин повик преку Министерството за транспорт предвидуваше и се изведе коловоз, атмосферска канализација, сообраќај и осветлување. Вредноста на договор изнесува 6.256.014,18 денари.

Во моментот се работи и на други локации со што се исполнува заложбата на Општината за обезбедување што повеќе паркинг места во градот“, соопшти Општина Битола.













