Реал го испраќа во Италија играчот за кого плати 45 милиони евра

Дерби

05/08/2026

12:50

354

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид доби неколку засилувања во овој преоден рок со што дополнително се зголеми конкуренцијата во тимот, но тоа во исто време ќе повлече и заминување на дел од играчите особено затоа што се најавуваат уште неколку нови имиња.

Нов фудбалер кој ќе го напушти кралскиот клуб е Франко Мастантуоно, аргентинскиот интернационалец за кого шпанскиот великан издвои 45 милиони евра минатото лето. Мастантуоно се мачеше во првата сезона во Европа, одигра 35 натпревари со учинок од 3 гола и 1 асистенција, односно не го испорача она што Реал се надеваше дека ќе го добие и сега оди на позајмица за да стекне искуство.

Имено Франко се сели во Италија и ќе потпише за Фиорентина. Тој треба да ги мине медицинските тестови и да им се стави на располагање на „виолетовите“ за сезоната 2026/2027.

Во Реал се надеваат дека ова ќе биде идеално решение за Аргентинецот и тој како подобар фудбалер ќе се врати кај нив во 2027 година.