Нејмар се „исклучи“ и непотребно провоцираше по победа, претседателот на клубот му одговори: Тој клошар…

Дерби

05/08/2026

10:56

436

Големина на фонт

а а а

Сантош со многу мака го доби осминафиналниот меч против Ремо во Купот на Бразил.

Првиот меч заврши без победник и без голови, додека во реваншот кој се одигра рано утрово Сантош се избори за минамална победа од 1-0 со погодокот на Рони на асистенција на Нејмар.

Домаќините уште од 28 минута играа и со играч помалку и беше јасно дека ќе им биде потребна сензацаија за пласман во следната фаза, нешто што не се случи, а крај беа и брутално испровицирани од Нејмар и малку фалеше да дојде до поголем инцидент.

Големата ѕвезда непотребно се исклучи и на патот до соблекувалната почна да „урла“ и да им кажува на противничките играчи, стручниот штаб дека се елиминирани. Имаше заштитни огради, но и доста други лица кои не дзоволија да се случи нешто посериозно, ама претседателот на Ремо, Антонио Карлос Тешира ова не го заборави и жестоко му одговори на играчит кој треба да биде идол и вистински пример.